Неготино го додели стотиот вредносен ваучер за новороденчиња
Родителите кои добиваат принова во Неготино од почетокот на септември минатата година почнаа да добиваат и еднократен надомест од по 7000 денари.
Општината денеска на свеченост подели нови 38 ваучери, а симболично беше доделен и стотиот ваучер. Градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов нагласи дека со оваа мерка се стимулира наталитетот во општината, а одлуката е донесена следејќи ги владините мерки за пораст на наталитетот во државата.
„Се остваруваат предвидувањата базирани на статистички податоци дека годишно во неготинска општина се раѓаат околу 200 бебиња, за што од општинскиот Буџет ќе бидат издвоени средства во висина од околу 1,5 милион денари“ рече Апостолов
Ваучерите што денеска се поделија беа наменети за бебеињата родени во изминатите два месеца, со што, со предходно доделените за месеците септември и октомври и ноември и декември, се стигна до бројка од 100 доделени ваучери за стимулирање на наталитетот на подрачјето на општина Неготино.
Маја Кочова Величкова прв пат станала мајка. На свет го донела првото дете во нивното семејство и искажа благодарност за помошта што ја доби од општината.
„За нас како млади родители оваа мерка има големо значење. Овие средства се добредојдени за првите денови од животот на нашетот дете. Сметам дека ваквата иницијатива е добра и треба да продолжи“ рече Кочова Величкова.
Намалениот наталитет во земјава има одраз и во образованието. Се почесто училиштата имаат намален број на ученици. Општина Неготино работела и во таа насока. Градоначлникот рече дека во административна процедура е барањето за отоврање на нови паралелки во средното училиште./А.Д