Кривични пријави за двајца вработени во неготинскиот катастар поради земање поткуп
Триесет и две годишниот З.Ј, референт за прием напријави во одделението за катастар на недвижности во Неготино и Д.Ѓ (44) вработен како помлад соработник за геодетски работи во катастарот заработија кривични пријави за сторено кривично дело “примање поткуп“.
Кривичната пријава ја поднесе одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основото Јавно Обвинителство во Кавадарци .
Пријавените, во својство на службени лица, а заради стекнување со противправна имотна корист примиле парични средства-поткуп во износ од 400 евра, за да во рамките на своето службено овластување извршат службено дејствие што не би смеело до го извршат, односно извршиле упис на објекти (куќа и дуќан) без соодветно барање за упис на недвижност-објект и без геодетски елаборат за истото.
„Имено, З.Ј. и Д.Ѓ. завчера, односно на 25 овој месец на оштетено лице од Неготино, му побарале парична награда-поткуп во износ од 900 евра, а вчера примиле парична награда-поткуп во износ од 400 евра (во договор останатите 500 евра дополнително да им ги даде), со цел на име на оштетеното лице, односно во негова сопственост да впишат објекти (куќа и дуќан) без притоа да се поднесе барање за упис на недвижност-објект и геодетски елаборат за истото, што е спротивно на Закон за катастар на недвижности“ информираат од МВР./А.Д