Ротаријанците од Неготино донираа детски креветчиња за градинката

Објавено: 15 мај, 2014, во 14:42 часот

Нови детски креветчиња денеска доби работниот објект „Мајски цвет“ при градинката „Фемо Кулаков“ Неготино. Креветчињата се донација на Ротари клуб Неготино,  организација формирана за хуманитарно делување и помош во заедницатга.

Нај радосни беа дечињата. Тие донаторите ги почестија со песничка и искрени насмевки, но им врачија и благодарница за несебичната помош и подршка. Благодарноста до Ротари Клубот со порака и останатите да го следат нивниот хуман чекор ја изрази и директорката на детската градинка Весна Нацева.

„Нашата основна функција е да помагаме. Да бидеме функционални онаму каде што има потреба . Таков беше случајот со детската градинка во која донираме креветчиња со особено задоволство,  бидејќи децата никогаш не забораваат кој им помага“ рече претседателот на Ротари клуб Неготино,  Ѓорѓи Тренев.

Инаку денешната донација на детски креветчиња во градинката Фемо Кулаков Неготино е втора по ред.Од нејзиното постоење до денеска донирале само пред неколку години Фени индустри и денес Ротари клубот./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.