Кривична пријава за командирот на неготинската противпожарна единица
Неготинската полиција до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против И.И (51) поради сомневање дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување на службена исправа.
Тој како командир на територијалната противпожарна единица во Неготино се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 36.712 денари.
„Во периодот Јуни 2013 година до Март 2014 година, осомничениот во својство на службено лице- командир во ТППЕ Неготино сочинувал месечни прегледи за плата со невистинити податоци, односно си натпишувал прекувремени часови за ноќни дежурства, викенди и празници во вкупен износ од 11 851 денар. Исто така , при раздолжување на картичките за гориво приложувал фиктивни, неточни фискални сметки за гориво кое наводно го точел во службените возила во износ од 24 861 денар“ рече портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.