Боеви гаѓања на полигонот Криволак
Од денеска до петок на Армискиот полигон Криволак ќе се извршуваат гаѓања со боева муниција во повеќе реони кои гравитираат околу полигонот.
Поради тоа од командата информираат дека во реоните на Брест, Вардар, Чифлик, Бел Камен и Китина Смрека се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока, како и оставање на моторни возила во наведените реони.
„Се забранува било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства, кои можат да бидат опасни по живот, а доколку се пронајдат такви средства истите да се обележат и да се известат надлежните органи од Командата на АП Криволак, СВР Штип или полициските станици во Неготино, Кавадарци или Градко“ се наведува во соопштението од командата.
Се нагласува дека стрелиштето на кое ќе се извршуваат планираните гаѓања ќе бидат видно обележани согласно со законските прописи во АРМ, како и обезбедени со физичко обезбедување./A.Д