Во индустриската зона „Неготино“ на продажба градежни парцели
Со цел да обезбеди поквалитетно домување на граѓаните и да ја подобри бизнис климата, општина Неготино, ќе стави на продажба градежни парцели на вкупна површина од 12, 2 хектари во близина на Црвени брегови. Проценките се дека интерес ќе има како од граѓаните така и од фирмите.
,, Станува збор за атрактивната локација која се наоѓа во централниот регион на Македонија , на само десеттина метри од регионалниот пат и автопатот Е-75, со железничка пруга во непосредна близина. Поради ова очекуваме зголемен интерес кај заинтересираните правни и физички лица за купување на градежни парцели,“ рече градоначалникот Ванчо Апостолов.
Општината се подготвува и за втора објава за продажба на градежни парцели во оваа индустриска зона на вкупна површина од околу 18 хектари. Граѓаните и фирмите и сега можат да се информираат кај општинската администрација за бројот на парцели и нивната големина.
За нив ќе има јавното наддавање со почетна цена од 1 евро за метар квадратен. Инаку, при првата објава, беа купени сите парцели понудени на продажба на вкупна површина од 12,2 хектари./А.Д