Земјоделците да ја подмират закупнината за земјоделско земјиште
Објавено на 10 јули, 2014 во 12:51
Земјоделските производители од општините Неготино и Демир Капија кои имаат склучено договори за закуп на земјоделско земјиште, треба да ја подмират закупнината за минатата година заклучно со 31 овој месец апелираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Макеоднија- подрачна единица Неготино.
„Се работи за околу 1200 производители кои под закуп обработуваат земјоделска површина. Значителен дел од нив веќе си ја имаат завршено обврската. Апелот се однесува на сите оние кои сеуште должат по овој основ“ рече раководителот на подрачната единица на МЗШВ Неготино, Златко Пенков./Б.Н.Т