Неготинец заболен од листерија се бори за живот
Објавено на 7 август, 2014 во 17:17
46 – годишен неготинчанец е на апарати, откако на 3-ти август бил примен на Инфективната клиника во Скопје со болки во стомакот и бронхопневмонија.
Денеска му е дијагностицирана листериоза. Се претпоставува дека неготинчанецот заболел на почетокот на јули, со оглед на тоа дека болеста има долготрајна инкубација.
Лекарите испитуваат дали овој случај е повран со досегашните заболени од листериоза.
Ова е деветиот заболен со листериоза во Македонија. Четворица веќе починаа./Б.Н.Т