Втор случај на листерија во Неготино
Нов случај на листерија, кај 16 – годишна девојка од Неготино, која веќе два дена е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести. Кај неа е регистриран менингитис како последица на бактеријата, пренесува порталот Нова ТВ.
– Во моментот нејзината здравствена состојба е стабилна и таа не е приклучена на апарати за дишење, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Звонко Миленковиќ.
Надлежните се уште не знаат што јадела и кој е изворот на заразат, тоа допрва ќе се испитува. Комисијата за заразни болести информираше дека девојчето е од низок економски стандард и спаѓа во ризичните групи но, нема никаква фамилијарна поврзаност со претходниот случај од Неготино.
Анализите се уште не се готови поради што не се знае точната типизацијата. Единствено што се знае со сигурност е дека единствен предизвикувач е храната.
Кај другиот пациент од Неготино, 46-годишниот маж, има лесни знаци на подобрување но е во тешка здравствена состојба и тој е приклучен н апарати за дишење.
Досега од листерија во Македонија починаа четири лица, а шест се заболени.
.