Убиство во Пепелиште
Објавено на 23 август, 2014 во 09:13
На селските гробишта во неготинското Пепелиште е пронајден починат 86 годишниот Вељо.А, жител на селото. Кај него биле пронајдени и траги на насилство. Полицијата работи на расчистување на случајот.
„Прво била повикана итната медицинска помош од Неготино.Докторот го пријавил случајот во полиција откако утврдил дека има траги на насилство во пределот на главата. Имаме осомничено лице кое е приведено во полицска станица Неготино“ рече портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.
Увид на местото извршил јавен обвинител и увидна екипа од ПС Неготино./А.Д