Нов Ковид – 19 рекорд во Тиквешијата: 54 новозаразени и двајца починати
14.11.2020
Во изминатото деноноќие е повторно срушен рекордот со дури 54 нови позитивни случаи на корона вирусот во Тиквешијата, покажуваат податоците од ЦЈЗ Кавадарци до 13.40 часот.
Евидентираните случаи во регионот се на возраст од 20 до 74 години.
„32 позитивни нови случаи има во Кавадарци, 11 во Неготино, 9 во Росоман и 2 во Демир Капија. Меѓу позитивните има еден здравствен работник од Кавадарци и една воспитувачка во кавадаречка градинка. Позитивната од градинката е од групата со деца кои веќе од вчера се во изолација поради други позитивни случаи“ информира епидемиолог, д-р Ристе Јовановски.
Во кавадаречката болница на ковид одделот има двајца починати, на возраст од 78 и 83 години.
На одделот се хоспитализирани 42 пациенти со средно-тешка клиничка слика и има слободни уште 18 болнички кревети.
Мите Јаначков