(ФОТО) Изгоре возило на регионалниот пат Неготино – Демир Капија

Објавено на 19 ноември, 2020 во 11:42

vozilo1 fin

19.11.2020

Возило изгоре во сообраќајна несреќа која се случи на регионалниот пат Неготино – Демир Капија. За среќа, возачот не е тешко повреден.

Несреќата се случи на делот од патот во близина на погонот на фабриката за палети ”Јела”.

Сообраќајната несреќа најпрво е пријавена во Противпожарната единица – Неготино во 11.05 часот. Од таму за Дума.мк соопштија дека несеќата ја пријавила сопственичката на возилото која исто така и го управувала. Тројца пожарникари со две противпожарни возила пристапиле и интервенирале во гаснењето на автомобилот.

vozilo2 fin

– Интервенцијата на гаснење траеше кратко и пожарот беше угаснат, рече командирот на Противпожарната единица Неготино, Иле Илиев.

Возачот на автомобилот со возило на Брза помош е пренесен на укажување медицинска помош во ЈЗУ Здравствен дом – Неготино. Како што дознава Дума.мк, автомобилот се превртел и потоа се запалил. Но, возачот, во случајов жена, успеала да излезе од него и да се спаси.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.