Донација од Црвен Крст за ЈЗУ Здравствен дом – Неготино

Објавено на 19 ноември, 2020 во 15:00

Crven Krst

19.11.2020

За потребите на ЈЗУ Здравствен дом – Неготино денес беше донирана помош од страна на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Неготино.

Помошта се состои од чаршави, прекривачи и ќебиња и истите ќе бидат употребени во одделението за згрижување на пациенти со полесна клиничка слика кои се заболени со вирусот COVID19, информира Тоше Настов, секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Неготино.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.