Исечени и заробени дрвjа во Неготино: Остри реакции од граѓаните, како и од Здружението на граѓани „Ековита″ – Неготино

Објавено на 5 февруари, 2021 во 14:42

drvo4

05.02.2021

Последната сеча на најстарите дрвjа во строгиот центар на градот, наиде на лавина реакции кај граѓаните на Неготино, кои своето незадоволство од синоќа го изразуваат преку социјалните мрежи.

Со остра реакција на ненајавеното сечење дрвjа на повеќе локации низ градот се јави и еколошкото здружение на граѓани „Ековита″– Неготино. Оттаму велат дека со последниот потег на општинските власти се прелила чашата, кога станува збор за негрижа за состојбата со животната средина во градот, која веќе подолг период ја оценуваат како алармантна.

Во услови на огромна аерозагаденост во општината, ние си ја сечеме гранката на која што седиме, вели Сашко Тодоров, дипл. инж. биолог, претседател на здружението на граѓани „Ековита″ – Неготино.

Дрворедите на главната улица во Неготино се наоѓаат во многу тешка состојба. Заробени и заборавени се поголемиот дел од дрвjата на тротоарите кои се загушени од сопствениот раст, при тоа го подигнуваат тротоарот за да се ослободат од стегите. За жал некои од овие дрва се исушија, се исекоа и ги загубивме.

drvo2

Едноставно само треба да се ослободат дрвjата во основата за да можат нормално да се развиваат во ширина. Решението не е во сечење на дрвjата туку во негување на постоечките и озеленување – садење на нови садници.  Апелираме и бараме од локалната самоуправа веднаш да се престане со сечење на дрвjата, како и да се ослободат сите заробени дрвjа, а ние како здружение стоиме на располагање и најавуваме дека никогаш нема да се откажеме од борбата за здрава и чиста животна средина, реагираат од здружението на граѓани „Ековита″ – Неготино.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.