Легализирани над 800 дивоградби во општина Неготино
Објавено на 19 ноември, 2013 во 15:25
Интензивно тече процесот за легализација на дивоградбите на територијата на општина Неготино кој започна пред 2 години.
Од Одделението за урбанизам информираа дека добиле вкупно 2.002 барања за легализација од кои стручните служби досега имаат комплетно завршено над 800 предмети.
Исто така, во тек е постапката за поднесувања барања за потврдувањена помошни објекти, оранжерии и објекти за примарна обработка на земјоделски производи бесправно изградени на земјоделско земјиште-процес кој ќе трае до август 2014-та година. Досега во општина Неготино се пристигнати околу 50 предмети за легализација на ваков тип на објекти./Б.Н.Т