Една порака за една насмевка на Неготинци
Граѓаните во Неготино секојдневно се соочуваат со многу грижи и проблеми затоа забораваат да се смеат. Ова не им се допаѓаше на активистите на „ Медиа Арт Клуб“ од Центарот за Регионален Одржлив Развој. Тие посакаа да променат еден монотон ден на своите сограѓани. Напишаа стотина пораки со содржина што предизвикуваа насмевка и ги спакуваа во пликоа. Потоа изработија рамка за фотографија и со неа како и со пораките излегоа на улиците во градот.
Таму пронајдоа многу луѓе без насмевка. Им подарија по едно плико и ги замолија да го отворат. Реакциите беа очекувани. Така собраа стотина насмевки од своите сограѓани кои ги овековечија со фографски апарат.
– Нашата акција имаше мото: Да споделеме среќа, љубов, радост и сите да заборавиме на проблемите. Посакавме да се изразиме како што најдобро и најпозитивно умееме затоа што на крајот на денот сепак сме обични луѓе со многу љубов и позитивност, за подобро утро и нов ден, рекоа активистите на граѓанското здружение Медиа Арт Клуб.
Еве еден дел од она што забележа објективот на нивниот фото апарат на улиците во Неготино: