Боеви гаѓања на Криволак

Објавено: 29 октомври, 2013, во 11:31 часот

На армискиот полигон Криволак од денеска до четвртокќе се извршува гаѓање со боева муниција поради што во овој период се забранува движење и претстој на луѓе и моторни возила.

Забраната се однесува за реоните Брест, Караоџали, Кавлик и Чумурница.

 

„Исто така се забранува било какво земање или допирање на неексплодиранипроектили или средства кои можат да бидат опасни по живот, а доколку се пронајдат такви средства истите да се обележат и да се известат надлежните органи од Командата на АП Криволак или СВР Штип, полициските станици Неготино, Кавадарци или Градско“ стои  во соопштението од армискиот полигон и се нагласува дека стрелиштето на кое ќе се извршуваат планираните гаѓања ќе бидат видно обележани согласно законските прописи во АРМ, како и обезбедени со физичко обезбедување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.