Обучувачки тим на НАТО ги оценуваше учесниците на вежбата „Македонски блесок 9“
Во Центарот за обука „Пепелиште“, во тек е теренската вежба „Македонски блесок 9“, а во нејзини рамки денеска се започна со оценувањето „НАТО 1“ на Леснaта маневарска болница на АРМ.
Оценувањето се извршува според Концептот за оперативни способности на НАТО, а го спроведуваше оценувачки тим на НАТО, за интероперабилноста и оперативната способност на болницата, како главен предуслов за спроведување на следните нивоа на оценувања, согласно овој концепт.
Се оценуваше имплементацијата на стандардните оперативни процедури за укажување на прва помош, прием, тријажа, хируршки третман и стабилизирање, во услови на масовен број на сериозно повредени лица во Лесната маневарска болница и нивната медицинска евакуација по воздушен пат, со примена на неопходен третман од повиско ниво на здравствена заштита.
НАТО оценувањето – Ниво 1 има исклучително значење за Лесната маневарска болница на АРМ, од причина што за првпат се оценува единица од овој тип, која е декларирана за упатување во мисии предводени од НАТО, ЕУ и ОН.