Наместо да купиш вдоми напуштено куче, едукација за Неготинци
Под мотото ,, Правиме денес – за подобро утре за нас, природата и животните ,, на градскиот плоштад во Неготино во присуство на голем број на граѓани беше реализирана дел од кампањата за заштита на домашните миленици што ја организираа Здружението Анима-мунди со поддршка на Швајцарската агенција за развој.
Тие поставија штанд и делеа пропаганден материјал преку кој граѓаните можат подобро да се запознаат и едуцираат за начинот на чување на домашните миленици, поттикнување на одговорно соптвеништво согласно законските надлежности на општините, како и правата и обврските на граѓаните.
-Овие денови до локалната самоуправа ќе биде доставена урбана опрема – канти за собирање отпад од миленичиња кои се планира да бидат поставени на неколку локациии покрај парковски површини. Исто така ќе се постават и табли за предупредување од последиците од расфрлање на отровни материи на отворен простор од кои можат да настрадаат домашните милениците и кој може да предизвика последици по граѓаните, рече Столе Велков, претседател на здружението.
Најбројни посетители денеска беа дечињата од детската градинка Фемо Кулаков кои лани го спроведоа проектот ,, Од срце за животните“. Б.Н.Т