Неготино продаде две парцели во индустриска зона „Црвени брегови“
На јавно наддавање општина Неготино продаде две парцели во индустриската зона „Црвени брегови“. На електронската аукција парцелите ги купи компанија од Русија, а од општината се надеваат дека за кратко време ќе можат да ги продадат и останатите.
„Индустриската зона има одлична местоположба, се наоѓа во непосредна близина на автопатот Е-75 и железничка пруга“, нагласуваат од локалната самоуправа.
Инаку на оваа Индустриска зона има за продажба 6 парцели кои се со намена за изградба на стопански комплекс за откуп, преработка, производство и дистрибуција на земјоделски производи, како и за изградба на објекти од лесната и не загадувачка индустрија.
Доколку се реализираат зацртаните планови, а се јави потреба од тзкво нешто, локалната самоуправа Неготино планира проширување на индустриската зона со нови 20 хектари градежни парцели.
Неодамна градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов најави интерес и на турски инвеститори за инвестирање во откупно дистрибутивен центар за овошје./Б.Н.Т