Дионис Пашлаков дваесет години ја негува љубовта кон историските возила и направи голема колекција на олд тајмери
Историски возила или олд тајмери денеска без изложени на плоштадот во Неготино. . Сите тие се сопственост на големиот колекционер Дионис Пашлаков од овој град.
Тој е голем вљубеник во нив и веќе 20 години од својот живот посвети на собирање на нив. Годинава се одбележуваат и десет години од првата изложба на олд тајмери што се одржа во Неготино и во Македонија. Тој е горд на овој јубилеј и се надева дека со помош на државата и градот ќе биде отворен музеј на олд тајмери.
„ Ова е мој јубилеј и јубилеј на градот и државата. Желбата ми беше, а останаува и понатаму да придобијам и да имам што повеќе истомисленции со кои би ги споделувал моите емоции кон овие историски-културни важни возила. Поминаа 20 години и сега мојата колекија брои 97 автомобили, 40 моторцикли и други запрежни возила, за што секако заслуга има и моето семејство кое покажа големо разбирање за моите мегаломански апетити за што јавно им благодарам. Се надевам дека оставам историски белег за нив, за градот и држвата доколку се оствари мојот сон Македонија во туристичката карта да добие музеј на вакви возила. Сеуште верувам и се надевам дека ќе биде прифатена подадената рака и со помош на општината ќе биде отворен изложбен салон за да не исчезнат овие возила“ рече Пашлаков.
Голем број граѓани од Неготино и околните места ги погледнаа возилата од колекцијата на Пашлаков и се восхитуваа на тоа што на едно место можеа да го погледнат развојот на авотмобилите и мотоциклите.