Патот Тимјаник-Долни Дисан ќе добие нов асфалт
Целосно се реконструира еден од најфрекфентните патни правци во Неготино, патот Тимјаник-Долни Дисан, кој беше во катастрофална состојба и често реагираа граѓаните.
Градежните работи ги изведува ГП „Гранит“, а инвеститор е Агенцијата за државни патишта на Република Македонија.
Градежните зафати за првата фаза од проектот ќе чинат околу 27 милиони денари, а се обезбедени од Европската банка за обнова и развој.
Проектот предвидува вадење на стариот асфалт, тампонирање, проширување на коловозот од 4,5 на 5,5 метри и потоа асфалтирање на патот во должина од близу 3 километри. Останатиот дел од патот Тимјаник – Долни Дисан во должина од околу 1,5 километар ќе се реконструира и асфалтира со средства од ИПАРД програмата, додека согласно проектот предвидено е и партерно уредување на централното подрачје во Долни Дисан.