Низ неготински Тремник денеска одекнуваше познатата реклама „Откупувам старо “!

Објавено: 2 април, 2014, во 14:22 часот

„Откупувам старо железо, стари електрични апарати и предмети кои не ви се потребни во домот“ одекнуваше од инката поставена на камиончето кое денеска минеше низ неготинското село Тремник. Две момчиња патуваа со него. Едно го возеше камиончето а второто седеше во задниот дел. Додека тие се возеа во обиколка на селото жителите излегуваа од домовите и прашуваа за цената. Тие што имаа што да продадат се пазареа. По договорот следеше испораката на старите бојлери,  ќумбиња,  парчиња од тенекии, железни профили и други предмети.

Потоа се врши исплатата на она што не ни е потребно во домовите и за тоа веднаш добиваме пари. Ова е секојдневие во селото. Момчињата ги знаеме бидејќи тие се постојано тука. Не мораме да одиме во неготинските отпади а и заштедуваме пари, рече жител на селото Тремник.

Момчињата откупувачи  на старо железо и електрични апарати се уплашија од новинарите. Не сакаа да зборуваат со нас иако се обидувавме да им покажеме дека немаме лоша намера туку дека сакаме да дознаеме колку овој бизнис е вносен, се заработува ли од него.

Според жителите на Тремник заработувачка има не е голема туку скромна и со неа сигурно опстојува семејството кое повеќе години го работи овој бизнис.

Несекојдневната глетка на белото камионче во чија приколка се собираа железото и електричните предмети не потсети на времето по втората светска војна кога исто на ваков начин се дистрибуирале производи кои ги купувале жителите во селата и градовите.

Сега, седумдесет и четири години потоа, скоро се е исто, овие камионџии, стариот камион офарбан со бела боја, вклучениот мегафон. Разликата е што сега камионџиите не продаваат туку откупуваат предмети од населението./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.