Уништување на касетна муниција на Криволак
Објавено на 25 октомври, 2013 во 09:27
На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се реализира уништување на последните количини од залихите на касетна муниција, како дел од исполнување на обврските кои Република Македонија ги има како земја потписничка на Осло-конвенцијата за забрана на касетната муниција.
На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат амбасадорката на СР Германија во Република Македонија Гудрун Штајнакер, региналниот директор на Норвешка народна помош, Емил Јеремиќ, преставници од воено – дипломатскиот кор во Република Македонија, од Министерството за одбрана на Република Македонија и од Армијата на Република Македонија.