Кавадарци и Росоман ќе добијат дополнителни 200 литри вода за пиење
Проблемите со водата за пиење во Кавадарци и Росоман дефинитивно ќе останат минато. Заврши изградбата на новиот тиролски зафат на бунарска река, цевководот од близу 10 километри и најмодерната филтер станица.
Дополнителни 200 литри во секунда ќе се добијат во водоводниот систем Лукар со реализацијата на овој капитален проект на кој заеднички работеа Кавадрци и Росоман. Вкупната инвестиција е над 2 милиони евра, од кои најголемиот дел се средства од Министерството за транспорт и врски, а Кавадрци учестува со 300 илјади евра, а Росоман со 50 илјади евра.
„Ова беше едно од главните ветувања во првиот мандат. Со овој проект ќе има доволно вода за Кавадри и Росоман и за идно Кавадарци со над 50 илјади жители. “ рече градоначалникот Александар Панов.
Филтер станицата е опремена со најсовремена опрема од италијанско потекло и на некој начин претставува фабрика за вода за пиење. Покрај современите филтри и останатата технологија за прочистување на водата, ќе работи и лабораторија каде постојано ќе се контролира квалитетот на водата која ќе протекува во водоснабдителниот систем.
„Европските стандарди налагаат да имаме што почиста вода и бактериолоки и хемиски. Чекор понапред сме за разлика од други општини. Деновие ќе се направи уште еден тест на водоводот и филтрите.“ рече Панов и нагласи дека општината во наредниот период ќе се зафати со рекострукција на постоелките песочни филтри, а веќе од следната година ќе биде надминат и проблемот со замтувањето на водата при нагло топење на снегот и поројни дождови.
„Ова е тиролкски зафат направен да зафаќа вода преку 200 литри во секунда, која ќе претокува во цевоводот во должина од 9,7 км. Се привршуваат работите околу филтер станицата и за неколку дена ќе биде пуштена во пробна работа“ рече Видоје Стојановски, раковидтел на објектот.