„Неготинското научно лето“ освен астрономски набљудувања со телескоп е предизвик за младите и со други содржини (фото)

Објавено на 4 јули, 2025 во 13:23

Истражувачкиот Хакатон, им нуди како на младите така и на возрасните Неготинци да бидат дел од астрономски набљудувања со телескоп, каде што се истражуваат планетите од нашиот Сончев систем. Здружението на граѓани „Ековита“ годинава дополнително организира и навлегување во микросветот со микроскопирања  за откривање на дијатомеите поточно фосилизирани остатоци од микроалги што живееле во Плиоцен, пред 4 милиони години и кои се пронаоѓаат во дијатомејската земја во селото Вешје.

-Тоа е уникатна можност младите да видат траги од овие древни организми и да ги споредат со денешните живи дијатомеи што ги наоѓаме во мраморите од истото село. Исто така, дополнително, ќе се осврнеме и на мерењето на нејонизирачко зрачење како дел од нашите напори за подигнување на свеста за сопственото здравје и за паметно користење на електронската опрема што секојдневно ја употребуваме, рече Сашко Тодоров претседател на „Ековита“.

Ова неготинско здружение на граѓани активно работи и на проекти во рамките на програмата Еразмус Плус, овозможувајќи младински размени со земјите од Балканот и Европа. На овој начин, младите волонтери стекнуваат пошироки знаења и искуства, внесуваат свежа енергија во локалната заедница и придонесуваат „Ековита“ да биде уште попрепознатлива и влијателна како на локално така и на национално ниво.

-Ековита досега има реализирано повеќе граѓански иницијативи за заштита на аерозагадувањето во Неготино и ќе продолжи да работи на следење и  превенција од загадување, со цел да го зачуваме нашето здравје и животната средина за идните генерации, додаде дипл. инж. биолог Сашко Тодоров.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.