Новородени и починати граѓани помалку додека благ пораст на парови коишто кажале судбоносно „да“ во 2023 година во велешко
Евиденцијата на Управа за водење матични книги, Подрачна единица Велес, за минатата година покажува дека минатата година вкупниот број на новороденчиња во трите општини Велес, Градско и Чашка изнесува 473. Од нив 294 бебиња за прв пат заплакале на Одделение за гинекологија и акушерство во Општа болница Велес додека 179 родени се во болници чија местоположба се наоѓа надвор од територијата на општината но и од државата. Поточно, вториве се велешанчиња родени во приватни клиники во Скопје додека третите се на родители кои живееле во Велес, се исселиле но одлучиле да ги пријават и да извадат Извод на родени во Македонија со што се стекнуваат со право на добивање и на македонски пасош.
Според раководителката Билјана Донева во споредба со 2022 година има намалување како на наталитетот така и на морталитетот. Единствено благ пораст бележат склучените бракови.
-Споредбените податоци со 2022 година покажуваат дека минатата година во општините Велес, Чашка и Градско имаме помалку родени 64 бебиња помалку починати 161 граѓани. Единствено пораст од 16 повеќе покажуваат податоците кои се однесуваат на бројот на склучени бракови, додаде Донева.
Минатата година починале вкупно 617 додека во 2022 година вкупниот број изнесува 778 граѓани. Вкупните бројки на склучени бракови во 2023 година изнесуваат 423 или повеќе за 16 млади брачни парови од претходната година.
Дума.мк пишуваше дека во календарската година најголем број од склучените бракови се однесуваат на периодот мај – септември кога според податоците на оваа управа месечно се бележат и над 50 додека во останатите месеци на годината 20 или едвај толку склучени бракови.
Убавка Јаневска
–