Обид за кражба во продавница во Велес
Објавено на 29 ноември, 2022 во 15:59
Секторот за внатрешни работи Велес соопшти дека на 24 ноември, четириесет годишниот Г.К се обидел да ограби продавница. Тој се обидел да одземе предмети од продавницата по што ја скршил влезната врата којашто претходно вработените ја затвориле.
Велешанецот бил лишен од слобода вчера, на 28 ноември и бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк