Објавен оглас за вработување на образовни асистенти во ОУРЦ „Маца Овчарова“ Велес

Министерството за образование и наука објави огласи за вработување образовни асистенти на определено време за три основни училишта со ресурсни центри, кои во учебната 2022/2023 година ќе работат со ученици со попречености во редовна настава во повеќе општини.
Едно од нив е и основното училиште со ресурсен центар „Маца Ѓоргиева-Овчарова“ во Велес во коeшто ќе можат да се вработат 95 образовни асистенти кои ќе работат со ученици со атипичен развој во основните училишта во Велес, Чашка, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Неготино, Градско, Лозово, Свети Николе, Штип, Пробиштип и Карбинци.
Кандидатите коишто ќе се пријават треба да исполнуваат основни и посебни услови.
Како посебни услови за образовниот асистент пред се е лицето да биде стекнато со звање специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено образование VII/1 степен, т.е VI А според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т.е VI A според МРК или 240 ЕКТС) односно наставник во предметна настава (VII/1 степен т.е VI A според МРК или 240 ЕКТС).
Во огласите што денеска ги објави МОН се наведени условите за вработување со потребните работни компетенции на кандидатите, распоредот на работното време на образовните асистенти и документите и рокот за аплицирање.
Во продолжение линк од јавниот оглас на коишто се истакнати сите информации за потребната документација и нејзина достава како и услови и плата за работа.
http://www.poumacaovcarovaveles.edu.mk/vest-statija/81782/javen-oglas
Стефани Манева
