Од крајот на мај повторно снимање на Компјутерски томограф во велешка болница како и на два нови рендген апарати
ЈЗУ Општа болница Велес ја завршува постапката со обезбедување на рендген апаратот Компјутерски томограф. Медицинскиот апарат ќе се демонтира од Клиниката за радиологија во Скопје за да биде монтиран во велешка болница. Монтажата на КТ ја плаќа болницата во Велес. Станува збор за 32 слајден апарат или двојно подобар од расипаниот на Одделението за рендген во велешка болница. Овој медицински апарат ќе се користи се додека Министерството за здравство не купи нов за потребите на болницата во Велес.
-Документацијата е подготвена и постапката треба да заврши за кратко време. Вложуваме напори за што побрзо демонтирање на целосно неупотребливиот Компјутерски томограф како и за транспорт со монтажа на обезбедениот од Клиниката за радиологија во Скопје. Се надевам дека најдоцна до крајот на месец мај медицинскиот апарат ќе биде ставен во целосна функција за здравствените потреби на граѓаните како на Велес така и од државата, рече д-р Божидар Бојаџиев.
Освен овој, многу значаен за дијагностика на болести, во велешка болница доби уште два нови рендген апарати. Еден статичен и еден мобилен. Првиот е донација на амбасадата на Јапонија и чини 60 илјади евра. Вториот го плати Министерството за здравство и чини околу 60 илјади евра.
Убавка Јаневска