Од што излегло утрово тркалото на возот од шините на пругата кај Кадина Река, од дефект или нагло сопирање?
Патничкиот воз, кој сообраќал на релацијата од Гевгелија кон Скопје, утрово околу 7 часот излегол од шините на пругата кај Кадина Река. Во возот патувале околу 150 патници. Тие не се повредени. Според директорот на ЈП Македонски железници – Инфраструктура, Саша Јовановски во моментов на лице место се наоѓа мешовите комисија на двата дела на државното претпријатие, на инфраструктура и на транспорт, која ги утврдува причините за сообраќајната незгода.
Дума.мк побара одговор од Јовановски на прашањето што е причина за излегувањето на тркалото, дали дефект на прелом осовината на шината или пак нагло сопирање на возот.
-Штом заврши увидот и утврдувањето на причините за незгодата веднаш ќе се одржи седница на управнио одбор и потоа ќе ја известиме јавноста. Во овој момент не можам да соопштам, причина или причини, зошто и како се случило тркалото на возот да излезе од шините, одговори Јовановски.
Според извори на Дума.мк има сомнежи дека излегувањето на тркалото на возот можно е од појавен прелом на осовина на железничка шина или пак од нагло кочење. За второво постои веројатност и од повлекување на рачка во патничките вагони.
Убавка Јаневска