Од утре, еднонасочен сообраќај на улица „Архиепископ Михаил“ и дел од улицата „Љубен Весов“
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/01/Untitled-design-22.png)
Општина Велес ифнормира дека од утре започнува еднонасочен сообраќај на дел од улицата „Архиепископ Михаил“ и дел од улицата „Љубен Весов“, согласно на законската регулатива и согласно на потребата за уредување на сообраќајот и на безбедноста во сообраќајот.
-Покрај улиците кои се предмет на воведување на еднонасочен сообраќај се третираат и делови од улиците кои се крстосуваат со нив, односно делови од улиците, Коле Неделковски и 8-ми Септември, како и улица Браќа Поп Јорданови која претставува конекција помеѓу улиците „Архиепископ Михаил“ и „Љубен Весов“. Основна цел со реализацијата на овој проект е унапредување на континуираното управување со еднонасочните сообраќајници во градот, замена и подобрување на истрошената, недоволна и застарена сигнализација, како и подигнување на стандардите за непречен пристап кон постојните и/или планирани и идни објекти, а со почитување на потребите за мобилност и со следење на затекнатата состојба и природните ограничувања, пишува во соопштението на Општина Велес.
Оттаму ги замолуваат сите возачи да се држат до поставената сообраќајна сигнализација за безбедно одвивање на сообраќајот.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)