Одредена мерка притвор за дилер од Велес

Објавено на 25 март, 2024 во 12:31

Судија на претходна постапка на Основен суд Велес му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на А.М. (38) од Велес поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Осомничениот e лишен од слобода на 23 март во 21:45 часот во Велес, од страна на полициски службеници на СВР Велес заедно со Е.Д.(36), од Велес. Кај А.М. биле пронајдени и одземени 34 пакувања со кафеава прашкаста материја и дигитална вага, а кај Е.Д. пронајдена и одземено едно пакување со марихуана.

По документирање на случајот, од страна на СВР Велес е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка е одредена мерка притвор за А.М.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.