Околу 100 ученици од ООУ „Панко Брашнаров“ обучени по прва помош
Објавено на 7 октомври, 2022 во 10:54
Во изминатите два дена основни знаења по прва помош добија околу 100 ученици од осмо и деветто одделение при ООУ „Панко Брашнаров“. Тие биле дел одобуките наменети за младинци на возраст од 12 до 18 години и научиле како да постапуваат при безсознание, појавана рани, изгореници, скршеници,крварење и друго.
Од Општинска организација на РСМ – Црвен крст Велес соопштија дека обуките се дел од кампањата „Првата помош спасува живот“ и истата ја одржал д-р Филип Тодоровски, волонтер со над 40 годишно искуство во велешкиот Црвен крст.
Инаку, од почетокот на кампањата во велешките училишта обучени по прва помош се скоро 400 ученици.
Стефани Манева