Општа болница Велес го одбележаа верскиот празник „Св. Козма и Дамјан“, кумови беа Прим. др Василев и Одделение за гинекологија и акушерство (видео и фото)

Објавено на 14 ноември, 2024 во 16:29

Со литургија во црквата посветена на светителите Козма и Дамјан, во дворот на Општа болница Велес, денеска, започна чествувањето на верскиот празник „Св.Козма и Дамјан“.  Годинава кумови на славата беа Прим. Др Атанас Василев и здравствените работници на Одделение за гинекологија и акушерство.

Кумот ги донесе панагијата, виното и пченицата додека за закуската се погрижија сите вработени на ова одделение во Општа Болница Велес. По литургијата со која чиноначалствуваше Митрополит Повардарски, Господин Агатангел, свештениците ги испеаја панагијата, виното и пченицата како на здравствените работници така и на бројни граѓани коишто имаат домашна слава или во знак на здравје и среќа на семејствата принесуваат погачи.

На чинот на славењето, наизменично, присуствуваа скоро сите вработени во Општа болница Велес поради работните обврски и грижата за пациентите.

На крајот беше избрано Физикалното одделение за кум на празникот „Св. Козма и Дамјан“ што ќе се одржи вгодина.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.