Општина Велес за хуманитарната Божиќна вечер го обезбеди Иван Босиљчиќ со познатиот  музичко поетски концерт „Наша вечер“

Објавено: 4 декември, 2025, во 13:31 часот

Реномираниот српски, театарски и филмски глумец, Иван Босиљчиќ со музичко поетскиот концерт „Наша вечер“ , познат ширум соседна Србија и пошироко во регионот, на 4 јануари ќе гостува во велешки Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.

Настапот на Босиљчиќ е во рамки на хуманитарната манифестација по повод Божиќ којашто Општина Велес ја организира со велешки Театар и Црвен Крст Велес, објави на Фејсбук градоначалникот Марко Колев.

„Средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети во хуманитарни цели. Цената на билетот изнесува 1.200 денари и ќе бидат пуштени во продажба на билетарата на велешки Театар од вторник, 9 декември. Празниците кои доаѓаат не потсетуваат на суштината на животот и богоугодноста – уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост!“ напиша Колев.

Хуманитарната Божиќна вечер со српскиот глумец, фолклорист и љубител на поезија Иван Босиљчиќ, на 4 јануари, ќе започне во 20:00 часот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.