Општината ја заокружи постапката на доофрмување на парцелата на велешанецот Јован Ѓоргиев
Петте метри квадратни за коишто велешанецот Јован Ѓоргиев во отвореното студио на Дума.мк на 26 февруари, се пожали дека со години не може да ги впише во сопствена парцела се уважени од страна на Општина Велес, постапката е завршена и решението денеска е испратено до нотар. По десет години овој велешанец може да здивне бидејќи најде решение на неговиот проблем за којшто пред неколку дена во камерата на Дума.мк рече:
– Jас сум Јован Ѓорѓиев и живеам на улица „Страшо Пинџур“. Имам проблем од институциите. Конкретно имам 5 м2 простор, според Детален урбанистички план , што припаѓаат на моја парцела но една деценија не можам да добијам решение дека се мои туку се водеа како дел од парцела на веќе разрушена куќа што и припаѓаше на државата. И сега откако куќата се урна, тие спорни 5м2 се дел од таа, соседна парцела. Јас поведов постапка дури имам платено и данок на недвижен имот но никако да влезат во мојата парцела. Процедурата се уште не е завршена иако повеќе пати сум бил во Општина Велес. Јас немам документ добиено во кој е внесена спорната површина, дека ми припаѓа мене, поточно на моето семејство, им соопшти на новинарите на Дума.мк, Ѓоргиев.
Ѓоргиев сега треба да биде повикан од негова страна избраниот нотар којшто по подготвувањето на документот солемизација да го потпише. Потоа нотарот има обврска да ја извести општината чиишто службеник, исто така, во нотарската канцеларија ќе го потпише крајниот документ со којшто петте метри квадратни ќе станат дел од парцелата на семејството Ѓоргиеви.
Со овие пет метри квадратни завршува целата постапка за дооформување на градежната парцела предвидена со Урбанистичка планска документација бидејќи семејството Ѓоргиеви се сопственици на повеќе од 30 проценти од градежната парцела како дел од КП бр.2535, КО Велес.
Убавка Јаневска