Откриен хероин во пакет на затвореник во казнено поправната установа во Велес

Објавено на 21 јуни, 2023 во 11:25

Педесет и две годишниот Д.Д од Велес во пакет кој го доставил до неговиот четириесет и пет годишен брат, А.Д, кој издржувал казна затвор во Казнено поправната установа – Отворено одделение Велес, затворските службеници пронашле и одзеле две пакувања со хероин.

Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека вчера, Д.Д бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.