Откриен странски државјанин во Велес кој нелегално влегол во Македонија, полицијата интервенирала при физички напад
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес при извршена проверка на Т.О.(49) од Република Албанија, во саботата, на 6 јануари, утврдиле дека нелегално влегол и не го регулирал престој во Македонија.
По насока на Основен суд Велес, Одделение за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Велес изготвено е решение за протерување на странец и забрана за влез во државата, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Полициски службеници го спровеле албанскиот државјанин до Полициска станица за граничен премин Ќафасан.
Според Ѓаковска, вчера, 7 јануари, во 13:00 часот А.М.(24) од Велес пријавил дека околу 12:30 часот на улица „Петре Прличков“ во Велес, бил физички нападнат од Р.А. Според пријавеното, причина биле меѓусебни должничко-доверителски односи. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Убавка Јаневска