Груевски им најави на лозарите дополнителни субвенции
„На седница на Владата донесена е одлука која ќе се спроведе веднаш по формирање на нова Влада. Станува збор за обезбедување на дополнителни 3 милиони евра за субвенции за откуп на грозје„ – со ова информација синоќа пред присутните на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, во Кавадарци го го започна своето обраќање претседателот на партијата, Никола Груевски. Ваквата одлука уследила како резултат на лошите состојби со кои се соочувале лозарите.
„-Веднаш по формирањето на нова Влада ќе издаде ново субвенции за лозарите и тоа за оние кои што имаат до 0,5 хектари додатно ќе добијат 20.000 денари, од 0,5 до 1 хектар дополнителни 15.000 денари, а за оние од 1-5 хектари дополнителни 10.000 денари, рече Груевски.
Груевски во Кавадарци ги најави и другите проекти кои ќе ги реализира ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат за Кавадарци и се дел од програмата „Реално“’.
„Со инвестиција од 600.000 евра ќе реконструира темелно и патот Росоман-Кавадарци. Ветуваме и реконструкција на локални патишта, од Сопот до Рибанци во должина од 5 км и 200 метри, како и патот од Горна и Долна Бошава во должина од 900 метри. Предвидена и набавка на нова опрема за болницата во Кавадарци, како и набавка на нов апарат за томографија кој ќе опслужува 500-на пациенти во овој регион. Вкупно ќе се набават 58 нови апарати во вредност од 860.000 евра. Ќе се градат спортски сали во две основни училишта, како и магистрален гасовод во Неготино-Кавадарци-Битола. Детска градинка во Кавадарци којa ќе се изгради во 2017 година и ќе има капацитет за 200 деца, рече Груевски.
Тој најави дека е планирана и реконструкција на два ката во ученичкиот дом Крсте П. Мисироков, изградба на повеќенаменско иргалиште, како и 3 игралишта за баскет и нов скејт парк. Нема да бидат заборавени и руралните средини, па предвидена е и реконструкција на основното училиште во Марена. Груевски најави и нов мост кај Ваташа, на местото каде бил стариот, проект кој ќе вреди 300.000 евра, како и доградба на кејот на реката Луда Мара и голем број на други проекти.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изнесе и бројни кририки на адреса на неговиот политчки опонент, лидерот на опозицијата Зоран Заев. Како што рече, граѓаните требало да одлучат на овие важни избори дали сакале двојазичност или просперитет на државата.
Груевски ги праша присутните дали сакале 4 години со Заев и Шеќеринска?
„Радмила го преживеа најголемиот пораз во историјата на политиката и мува не ја лази. Во 2008 беше кандидат за премиер и го доживеа најголемиот пораз во историјата на политиката во Македонија. Шета насмеана, како ништо да не се случило. Тоа е она потценување на народот и доказ дека тие луѓе не може да ја сфатат лекцијата од народот. Заев исто така, човекот запнал премиер да биде. Им се фали на албанските политичари дека го спремале од горе. А, народот, што ќе правиме со народот. Од горе нека го спремаат, а овој народ тука? И него ли од горе ќе го спремаат? Епа не можат од горе народот да го спремаат. Можат Заев да го спремаат, ама народот тешко одозгора да го спремаат. Тоа што народот ништо не му верува и не го сака, тоа за него и не е нешто важно. Тоа е тоа потценување кон сопствената држава и кон сопствениот народ. Затоа овојпат ќе претрпат историски пораз затоа што оваа одлука не е само против нив туку и против сите кои го потценуваат овој народ, рече Груевски.
На митингот беа претставени и кандидатите за пратеницици од Кавадарци, Панчо Минов и Весна Пемова.
Минов рече дека ќе се залага за подобрување на условите во лозарството, ќе ги застапувал интересите на лозарите, но и на сите граѓани од Тиквешијата.
„Тоа што не напаѓаат го сваќам како комплимент. Многу е погодена работата ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ. Ќе се залагам за поорганизиран откуп на грозјето. Ќе предлагам да се исплати грозјето од претходните години. Платежната агенција за субвенции да има своја канцеларија во Кавадарци“ рече Минов.
Со напади кон опозицијата за воведување на двојазичност пред кавадарчани се осврнаа и Минов и Пемова.
Пемова говореше за проектите за Кавадарци кои ќе се реализирале во новиот мандат што го бараат од граѓаните.
„На Груевски му должиме многу. Кавадарци го направи град со кој се гордееме, град со најмал процент наневработеност, го решивме проблемот со водоснабдувањето. Со новата програма ќе воведиме гасовод, а ќе ги реконструираме и локалните патни правци. Ќе изградиме систем за наводнување и за технолошка вода за селата Бегниште и Ресава“ рече Пемова.
На митингот во Кавадарци свое обраќање имаа Шабан Салиу од „Демократски сили на ромите“, Страшо Ангеловски од МААК и Стевчо Јакимовски од ГРОМ. Сите искажаа задоволство од соработката со ВМРО-ДПМНЕ и побараа подршка за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Ангел Данов