ПЦР тестови се прават во Хигиенски наместо во поранешното училиште „Џинот“ во Велес
Сменета е локацијата за земање на брис со кој се утврдува инфекцијата на Ковид 19 во Велес. Пунктот од зградата на поранешното основно училиште „Јордан Х.К Џинот“ е преместен во просторија на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес. Така е веќе две седмици. Според директорката Богданка Јорданова локалната власт побарала од јавната здравствена установа да го премести пунктот.
-Локалната власт побара да го преместиме што е можно побрзо затоашто им бил потребен просторот за да овозможат функционирање на Работнички универзитет. Заедно со Здравствен дом реагиравме брзо, се договоривме,го информиравме Министерството за здравство и добивме одобрување за да го преместивме пунктот во зградата на Центарот за јавно здравје или какошто велешани ја нарекуваат Хигиенски. Отворивме посебен надворешен влез. Втора недела на пункото до 10 часот се прават ПЦР тестови додека еден час започнувајќи од 11 часот, на пунктот, се прават брзи антигенски тестови од страна на здравствени работници на Здравствен дом. Сите тестирања се вршат со закажување преку „Мој Термин“. Нема мешање на пациенти и особено е значајно тоашто сега се вршат испитувања и за потреби на пациенти кои треба да се оперираат а не се болни, додаде Дограмаџиева, Јораданова.
Граѓаните претходно реагираа на условите во зградата на старото училиште „Џинот“ во Велес кадешто се вршеше тестирање со ПЦР тест. За голем број од нив училницата и ходникот што се користеа беа во лоша состојба, не варосани и со недоволно хигиенски услови.
Убавка Јаневска