Пет ковид пациенти на болничко лекување во велешка болница
Објавено: 23 март, 2022, во 12:27 часот
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани пет ковид пациенти од кои двајца се потврдени позитивни и еден пациент е сомнителен.
-На Инфективно одделение се лекуваат двајца и на Интерно Б одделение тројца пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.
На кислородна поддршка е еден пациент.
Во изминатите 24 часа од болничко лекување испишани се двајца пациенти.
Стефани Манева


