Пет нови и четири продолжени активни мерки за вработување на невработени велешани во центарот за вработување Велес
Агенија за вработување, вчера, пушти пет активни емрки за невработени лица кои се пријавуваат во центрите за вработување низ државата
Три од активните мерки како што се субвенционирање на плати, финансиска поддршка на создавање на нови работни места и практиканство за краен рок на пријавување го имаат 8 септември, годинава. Заинтересираните невработени лица во центарот за вработување во Велес можат да аплицираат и за двете мерки обука за познат работодавач и обука за побарувани занимања до 15 септември, годинава.
Исто така, за следниве четири активни мерки за вработување на невработени лица коишто се евидентирани во центарот за вработување во Велес, поточно за обуки за развој на дигитални вештини и за обуки за познат работодавач, крајниот рок на пријавување е 30 ноември, годинава.
Сите заинтересирани невработени велешани дополнителни информации можат да добијат доколку ја отворат веб страната av.gov.mk. или пак од вработените во центарот во Велес.
Стефани Манева