По 150 прегледи дневно кај матичните лекари, во продолжениот викенд 649 прегледи во Брза Помош

Објавено на 13 јануари, 2022 во 14:48

Граѓаните ги полнат амбулантите на матичните лекари од почетокот на годината. По 150 прегледи, двневно вршеле матичните лекари додека педијатрите прегледувале и по 200 деца.  И возрасните и децата, од лекарите најчесто бараат здравствена помош за настинка или грип. При секое покачување на телесната температура, најверојатно поради стравот од коронавирусот, се бара помош кај матичен лекар, вели д-р Лили Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на матични лекари.

-Навистина тоа е голем обем на работа предизвикан пред се од стравот од пандемијата на коронавирус којашто при секое мало покачување на телесната температура ги поттикнува граѓаните веднаш да побараат лекарска помош. Освен прегледите, дополнително матичните лекари ги извршуваат и редовните контакти на телефон со заболени од ковид вирусот, следи и анкетирањето на новозаболените, а исто така, голем е и бројот на граѓани коишто имаат потреба од конслутација со матичен лекар и за други видови на болести. Не можам со сигурност да го птоврдам видот на грипот со коишто се соочуваат граѓаните заради фактот што матичните лекари во внатрешноста немаат микробиолошки лаборатории во коишто може да се испита и точно утврди видот на вирусното заболување. Но дека е зголемен бројот на граѓани од почетокот на годината на коишто им треба лекарска помош за грип и вирусни заболувања тоа е точно, додаде Чолакова Дервишова.

Исто така, изминатиот продолжен викенд зголемен е и бројот на граѓани коишто беа прегледани од службата на Итна помош од ЈЗУ Здравствен дом Велес. Од 5ти јануари, среда, до 9ти јануари, недела, оваа служба имала 121 преглед во домашна посета и 649 во амбуланта.

-Во овие денови се случи вистинска навала од телефонски повици за прегледи во домашно услови и во амбулантата на нашата служба во здравствениот дом во коишто детектиравме вирози и болни граѓани од грип на различна возраст, рече д-р Василка Пановска Поп – Стефанова, началничка на Итна помош.

Лекарите советуваат на особена внимателност од страна на граѓаните коишто деновиве се соочуваат со многу ниски температури во утринските и вечерни часови додека во текот на денот температурите благо растат.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.