По еден приведен пијан возач учесник во сообраќај, во Велес и во Неготино, во изминатото деноноќие
Објавено: 6 декември, 2025, во 14:32 часот
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, рано утринава, во 01:15 часот, на улица „Гоце Делчев“ во Велес, го лишија од слобода К.С.(54) од Велес.
„При контрола на патниот сообраќај, сопрено е патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал К.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, “ соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.
Со иста пријава од страна на полицијата ќе биде санкциониран и Л.Н.(65) од село Курија, неготинско кого вчера во 15:20 часот, на улица „Партизанска“ во Неготино го лишија од слобода полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино.
„Исто така, при контрола на патниот сообраќај, во Неготино сопрено е патничко возило „фиат“ без регистарски ознаки, кое го управувал Л.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта. По извршена контрола, било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило и дека сообраќајната дозвола била со измината важност, повеќе од шест месеци, поради што возилото му било одземено. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител,“ додаде Ѓаковска.
Убавка Јаневска


