Почина маж од Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 6 декември, 2021 во 11:54
Починатиот е на 71 годишна возраст од Велес, со ковид пневмониа и хронична бубрежна слабост.
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 28 ковид пациенти од кои потврдени позитивни се 18, еден пациент е сомнителен и седум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. Во изминатите 24 часа примени се двајца пациенти на болничко лекување.
-На кислородна поддршка се 13 пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На Инфективно одделение се лекуваат 23 пациенти и на Интерно Б одделение пет пациенти.
Стефани Манева