Почина мигрант, откако го удри воз кај Криволак на пругата Скопје – Гевгелија

Објавено на 11 јули, 2021 во 19:43
Приказ на ТВ Телма

Починатиот мигрант бил дел од дванаесет члена група што се движела по железничката пруга од Гевгелија кон Скопје. Возот во групата удрил кај железничката станица Криволак и тешко му ја повредил левата нога на мигрантот. Нему му била укажана Итна помош и бил префрлен во Општа болница Велес. Хирурзите интервенирале и му ја ампутирале ногата а потоа како итен случај го испратиле на скопските клиники. Но човекот не го издржал тренспортот. Починал на пат кон Скопје.

Сообраќајната несреќа се случила, рано утринава, 45 минути по полноќ, соопшти полицијата. Во починатиот мигрант и уште пет членови на група удрил товарен воз. Останатите повредени мигранти се згрижени во Општа болница Велес, како и во Неготино и во Кавадарци.

Шестмината неповредени мигранти се префрлени во регионалниот Центар во Гевгелија.

Полицијата изврши увид за да се утврдат причините за несреќата која што не создаде  поголем застој на железничкиот сообраќај.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.