Поднесена кривична пријава против две лица, со лични податоци на кавадарчанец подигнувале брзи кредити
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против триесет годишниот П.С од Струга и осум години постарата А.С од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични деца и тоа: измама, злоупотреба на лични податоци и оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи.
– Првопријавениот П.С., во периодот од јули до септември 2021 година, преку комуникација на социјалната мрежа „Фејсбук“, довел во заблуда 37-годишник од Кавадарци, здобивајќи се со неговите лични податоци, трансакциска сметка и пин код, кои ги искористил за подигање на кредити во повеќе финансиски друштва во име на оштетениот, како и онлајн нарачки од различни продавници, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Паричните средства како и производите коишто биле нарачувани завршиле кај второпријавената А.С од Скопје, сопруга на првопријавениот, којшто се наоѓал на издржување затворска казна во Казнено-поправна установа Штип.
Стефани Манева