Полицијата лиши од слобода крадец во Велес
Објавено на 26 јануари, 2022 во 10:53
Полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.Л.(33) од Велес, вчера, околу 17:00 часот, на улица “Благој Ѓорев“ во Велес.
Тој се сомничи дека десеттина минути претходно извршил „тешка кражба“ од патничко моторно возило „тојота корола“, со велешки регистарски ознаки.
Осомничениот А.Л. бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес.
Стефани Манева