Полицијата лиши од слобода тројца мажи нелегално влезени во армиски полигон „Криволак“

Објавено на 15 април, 2024 во 12:58
Фото: Архива

Армиски припадници ги затекнале вчера Б.А.(49) од село Никуштак, општина Липково, Р.М.(49) од село Вакуф, кратовско и Б.А.(36) од село Орланци, скопско додека со патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки биле во армискиот полигон Криволак.

При преглед во возилото биле пронајдени металдетектори и скенер за вршење археолошки истражувања и алат за вршење ископ. Армијата ја пријавила случката во ОВР Неготино. По пристигнување на полициските службеници тројцата мажи биле лишени од слобода.

-По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска, потпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.